ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Еден знак ќе падне во страстна авантура, друг ќе има среќа со парите

ОВЕН

Материјалната ситуација денес ќе биде во прв план. Во главата почнуваат да ви се вртат големи суми пари, и денес ќе размислувате за купување на недвижности. Можеби е рано за така крупни планови, но не е лошо да бидете подготвени за убавите времиња кои доаѓаат. Партнерот деновиве е дезориентиран и тешко се вклопува во вашите планови. Иако тешко му оди да се фокусира на одредени работи, сепак, покажува доза на ароганција.

БИК

Многу сте избирливи кога е работата во прашање и не се задоволувате со нешто мало. Имате голема самодоверба, и денес нема да прифаќате никакви совети, без разлика дали сметате дека се добри или не. Бидете внимателни со пријателите. Може да се случи некој од нив да ве изманипулира. Партнерот е обземен со работа и не ви посветува доволно внимание. За среќа, вие умеете и сами да си угодите купувајќи скапи играчки или занимавајќи се со некое хоби.

БЛИЗНАЦИ

Не сте во состојба да влијаете врз ситуацијата на работното место. Се чувствувате како да сте во стапица, и сè она што сте го испланирале, стои во место. Освен со работата, имате проблем и со комуникацијата. Ова не е време за почнување нови работи и за потпишување договори. Ако е можно, одложете ги работите за десетина дена и бидете трпеливи. Оваа состојба е привремена и нема да има големо влијание врз вашите резултати. Партнерските односи ви се променливи и не знаете како да се однесувате кон критиките на партнерот.

РАК

Доколку имате сопствен бизнис, работите нема да се одвиваат во правец кој ви одговара. Ќе имате чувство дека сè стои во место и ништо не можете да придвижите, иако вложувате голем напор. Доколку работите со партнер, бидете внимателни во комуникацијата и не дозволувајте да влезете во конфликт. Денес е можна помош од место од кое најмалку очекувате да ја добиете. Партнерот се наоѓа во опуштена фаза но, како и секогаш, му треба многу време за размислување, пред да донесе некоја одлука. Обидете се да го прифатите таков каков што е.

ЛАВ

Денес ќе чувствувате внатрешен мир кој многу ќе ви помогне да донесете вистинско решение. Послушајте ја интуицијата и одговорете позитивно на предлогот од еден ваш пријател. Доколку сте невработени, можно е да добиете шанса за вработување во некоја институција која има долга историја. Партнерот е оптоварен со работа, и таа негова ангажираност го прави нервозен. Од вас зависи дали работите ќе се одвиваат во поволен правец или не.

ДЕВИЦА

Имате многу работа и не можете да постигнете сè што сте зацртале. Од друга страна, проблем ви прават и колегите кои воопшто не учествуваат во заедничките проекти. Како се зголемува работата така се зголемува и нивниот отпор кон вас. Најдобро е да се повлечете и да почекате десетина дена за да се смири ситуацијата. Во овој период, што и да правите, нема да наиде на добар одзив. Партнерските односи ви се паднати во ќор-сокак, и ќе ви треба многу голем напор за да ја санирате ситуацијата. Не префрлајте ја вината само на другата страна.

ВАГА

Во моментов не можете да ги одвоите приоритетите од работите кои можат да чекаат. Се наоѓате во хаос кој ви создава конфузија. Не дозволувајте колегите да го забележат тоа, зашто може да добиете негативни поени кај претпоставените. Денес е можен финансиски прилив, кој малку ќе ве релаксира. Партнерските односи ви се добри и не дозволувајте вашата сомничавост да ги загрози. Доколку сте сами и безнадежно вљубени во една личност која не знае дека постоите, време е да смислите нова стратегија.

СКОРПИЈА

Имате одлична идеја за почнување сопствен бизнис, но финансиите ви претставуваат голем проблем. Во моментов сте конфузни и не знаете каде да се обратите за да можете да си ги остварите плановите. Не откажувајте се, помошта може да дојде од место од кое најмалку ја очекувате. Партнерот е љубезен, но по малку арогантен, и тоа ви создава немир. Време е за разговор. Доколку се повлечете и чекате да помине само од себе, ништо нема да постигнете. Ако сте сами, време е да излезете и да почнете да се дружите.

СТРЕЛЕЦ

Работете полека и одвреме-навреме враќајте се на некои стари и заборавени предмети. Можеби тоа ќе ви одземе време, но секако, ќе ви помогне да се справите со сличните проблеми на кои наидувате во моментов. Бидете внимателни и не кажувајте ги плановите. Непријателите ја чекаат секоја ваша грешка и подготвени се да ја искористат. Партнерските односи осцилираат секојдневно. Партнерот има свој начин на размислување, кој не се согласува со вашиот. Не обидувајте се да го убедите, работете како што сметате дека треба

ЈАРЕЦ

Денес ќе добиете шанса за зголемување на приходите. Во прашање е дополнителна работа која одамна ја очекувате, но досега не биле исполнети условите. Полни сте со идеи и со нови планови. Зачувајте ги плановите за себе и не дозволувајте да бидат нарушени. Вие сте многу добронамерни, но имате и многу непријатели. Партнерот има потреба да се опушти и да искористи неколку дена да се одмори. Не противете се на одлуката, зашто на тој начин ќе го изгубите мирот.

ВОДОЛИЈА

Денес ќе бидете насочени кон семејството и ќе решавате еден семеен проблем. Освен што ќе се бара совет од вас, ќе морате да дадете и финансиска поддршка. Можеби тоа во моментов не ви одговара, но чувствувате дека морате да вложите, за да си го исполните ветувањето кое го имате дадено. Партнерот ви упатува многубројни критики, кои ве прават нервозни. Обидете се да ги игнорирате за да си го зачувате мирот. Без разлика дали сте во врска или сте слободни, секојдневно се соочувате со личности што се заинтересирани за вас.

РИБИ

Се обидувате да ги избалансирате односите на работното место и потребите на семејството. Повторно, по којзнае кој пат, се наоѓате во улога на жртва и немате време за себе. Колку и да се трудите да ги задоволите сите, некој ќе остане незадоволен. Најдобро е да почнете да мислите на себе и на своите потреби. Доколку сте слободни, обратете внимание на една Скорпија што одамна е заинтересирана за вас. Можеби тука ќе си го остварите сонот и ќе воспоставите рамнотежа која ви треба.