ДИМОВСКИ: Насилството во училиштата секогаш зема поголем замав во предизборните циклуси

Насилството секогаш зема поголем замав во предизборните циклуси во Македонија, вели Владо Димовски,  пензиониран наставник и Секретар на Центарот за толеранција и доживотно учење.

Во последните неколку месеци имаше повеќе случаи на насилство во училиштата, врсничко, но и инциденти со етнички предзнак во училиштето „Лирија“ во Тетово.

„Насилството е насилство, било да е тоа вербално или физичко. Јас не го делам на етничко и друго. Насилството секогаш зема поголем замав во предизборните циклуси во Македонија. Во училиштата тоа е зголемено во последниве десеттина години заради слабите, скоро никакви реформи во образованието, честото менување на законите за образование, менување на правилата кој што може и кој што не може. Покрај образованието во училиштата мора да се работи и на воспитната компонента, а неа во моментов во нашето образование ја нема. Само здрави реформи во образованието можат да донесат подобро образование во кое секој чесно ќе ја игра својата улога, улога на наставник, улога на ученик и што е многу битно, улогите на родителите кои во моментов за намалување на насилството, непријателството помеѓу учениците се најбитни. Невоспитани ученици дома не можат да бидат воспитани и ненасилни во училиштата. Казнените мерки за насилството и дисциплината на учениците мора да бидат подрастични и да се почитуваат“, вели тој.

Целото интервју прочитајте го на Фактор.мк