Део фати сипаници на десет месеци, многу тешко поминавме: Сања со препорака до родителите

Сања Ристиќ, која го отпеа легендарниот детски хит „Ех, тој Тоше“, а сега и позната инфлуенсерка меѓу мајките, сподели свое искуство на Инстаграм, за сипаниците на нејзините два сина.

„ Уф!!! Така ќе почнам! Поминавме неколку ептен тешки денови и сакам да го споделам искуството со родители можеби ќе ви помогне. Пред 3 недели Иан имаше сипаници, со 20тина точки, не ни примети дека нешто е поинаку, нит температура, нит се мачкавме со нешто... АМА! Део префати на свои 10 ипол месеци и сериозно тешко поминавме. Температура, осип биквално секаде и на кожата и во ушиња, во уста, во носе, пределот на пелената - СЕКАДЕ! Плачење константно, нервоза, чешање, дење и ноќе, храна никако, млеко одвај малку! Ете кај секое дете многу различно. Поентава на постов ми беше што научив па вие да знаете на време, да не лутате како мене во бессознание:

1. Детето бањајте го слободно секој ден но во водата ставете во една кадичка едно капаче хиперманган (го најдовме во аптеката карши Универзална). Прави дезинфекција, суши и помага за чешањето.
2. Набавивме одма течна пудра но повење ни помогна пена за сипаници која ја има по аптеките се вика PoxClin
3. Бидејќи имаше и во устата осип поминаа неколку лажичи од оние кашести сокчиња - значи не густи кашички и никако солено, кисело или топло
4. Во што покомотни алишта и да се памучни
5. За температура дававме Далерон и Блокмалс најизменично по потреба
6. Користевме хомеопатски капки кои мислам дека ептен помогнаа полесно да се помине
Стиснете заби, најстрашното трае 3-4 дена и потоа е секој ден се подобро и полесно.
2 недели детето не треба да се меша со луѓе не само поради префаќање туку и поради што има намален имунитет.
Со лесно и се надевам ќе ви биде корисен овој пост и ќе немате вакво тешко искуство како моево! Ако можам некако да помогнам - тука сум! “