Данијела Димитровска знае како да носи леопард принт, а тоа да не изгледа „евтино“! Прошета низ Дубаи во неприкосновено издание - ФОТО

Добивај вести на Viber

Животинскиот принт речиси никогаш не излегува од мода, а Данијела Димитровска многу добро знае да го носи, а да изгледа како полн погодок. Имено, таа на Инстаграм сподели објава во која носи фустан со леопард принт и покажа дека навистина е кралица на стилот.


Вкусовите се различни, некој ќе каже дека животинскиот принт е „евтин“, некој е воодушевен од овој стил и го смета за врв на софистицираноста, а она што е сигурно е дека животинскиот принт не е за секого и не може секој да го носи. Претставува заштитен знак на нескротливи духови и автентични личности кои не се задоволуваат со просечност.


Манекенката Данијела Димитровска облече фустан во леопард принт кој ја следеше линијата на телото и со тоа дополнително ја истакна нејзината беспрекорна силуета. Со тенки прерамки и отворени раменици, но и предизвикувачко деколте, таа одлично се вклопи во атмосферата на Дубаи.


Леопард стајлингот Даниела го комплетираше со велур чанта и впечатливи парчиња накит, привлекувајќи погледи и воздишки кај сите што минуваа покрај неа.



Нема сомнеж дека Даниела ги поставува стандардите во модните изданија, а оваа пролет очекуваме леопардскиот принт да стане еден од омилените дезени кои ќе ги гледаме на улиците.




ФОТО: Инстаграм/Данијела Димитровска