Дали сте помладо или постаро дете: Сега е докажано кое е поинтелигентно

Ако досега се препукувавте со помладата сестра кој е попаметен, конечно ја имате во рака. Истражување на Универзитетот Единбург покажа дека постарите браќа и сестри се попаметни од младите, тврди тим на научници.

Во првите години од животот постарите деца постигнуваат подобри резултати на тестовите на интелигенција од нивните помлади браќа и сестри. Научниците се согласни дека тоа е така поради фактот што помладите деца имаат поголема поддршка од родителите кај задачите кои ги потикнубваат нивните когнитивни способности.

Родителите им обрнуваат повеќе внимание на постарите деца

Научниците, исто така, откриле дека родителите го менуваат своето однесување по раѓањето на првото дете. Со помладите деца се психички постабилни. Родителите си даваат помалку време за помладите потомци кога се во прашање активности како читање, свирење на некој инструмент или некои други креативни предизвици.

Истото истражување покажало и дека помладите деца се принудени да се ориентираат на се’ уште неразвиениот говор на постарирте браќа и сестри. Превземањето на незрели јазични конструкции може да резултира и со послаби вербални резултати.