ДАЛИ Е МАРГАРИНОТ ОПАСЕН?

Зависи кој! Не се сите маргарини исти, избегнувајте ги оние со хидрогенизирани масти!

Малкумина знаат дека во минатото маргаринот е прогласуван за одличен диетален производ, „лек“ против прекумерните маснотии во крвта и поздрава замена за путерот. Тоа било така сè додека науката не го откри штетното влијание на транс мастите кои се наоѓале во мастите добиени со процес на хидрогенизација, како кај маргаринот. Во прашање е процес со кој на растителните масла им се додава водород со што тие преминуваат од течна во цврста состојба, можат лесно да се мачкаат и подолго да се чуваат. Многу истражувачки студии како тие на познатите Mayo Clinic и Harvard Medical School, ги поврзуваат транс мастите со зголемување на ризикот од срцеви заболувања, дијабетес итн. Оттука, маргаринот со право ја добива својата лоша репутација.

Но за среќа, како што науката ги откри влијанијата на мастите врз човековото здравје, така и технологијата за производство на храна откри нови методи за добивање на здрави производи. Денес постојат различни видови на маргарини кои се разликуваат по својот состав и начин на производство. Она што „вчера“ важеше за маргаринот, денес не важи за сите маргарини.

Штетните транс масти  се наоѓаат најчесто во тврдите маргарини во „коцка“, додека оние кои се продаваат во пластична кутија, како што е на пример Bords Eve, тие се произведуваат без процес на хидрогенизација на мастите и затоа не се опасни за здравјето. Напротив, маргаринот без хидрогенизирани масла е корисен за организмот. Тој се добива од природни растителни масла, како што се маслодајната репка, сончогледот, палмовото масло и главно ги содржи корисните моно и поли незаситени масни киселини. Дополнително, ваквите маргарини во себе имаат најмногу 20% заситени масти, што е далеку помалку од путерот кој во себе има и над 50% заситени масти. Практично овие податоци ни кажуваат дека маргаринот за мачкање ги содржи токму маснотиите кои се неопходна градивна материја на клетките во нашето тело и не го зголемува лошиот холестерол во крвта, како што тоа го прави путерот.

Затоа, внимателно прочитајте ги ознаките на производите, не се сите маргариниисти, одберете ги оние маргарини кои не содржат хидрогенизирани масти и кои го имаат благотворното дејство на незаситените растителни масти.