Далеку се слушна за „Медена земја“: Оскар нема, но Македонија доби добра реклама

Иако македонскиот документарен филм „Медена земја“ не доби Оскар, сепак придонесе добри вести за нашата земја да одекнат во светот.

Многу луѓе од регионот и пошироко, навиваа за „Медена земја“, и ја сфатијата пораката на хероината Атиџе Муратова. Македонија се испромовира со помош на филмот. Крсте Блажески од ХОТАМ вели дека секако овој филм ќе му покаже на светот, дека во Македонија има што да се истражува.

„Тоа секако ќе биде позитивно, и ќе придонесе за освојување на нови пазари, и кога ќе почнат туристичките саеми, ќе го потенцираме филмот, да видат дека Македонија е земја каде има што да се види, да се истражува. Филмот секако ќе има маркетиншко влијание“, вели Блажески.

Што велат од здружението на туристички водичи на Македонија прочитајте на Фактор.мк