Актуелно // Insta вести
„Црвено, бело, дебело“: Погледнете како функционерот Антонијо Милошоски со јајце ја пренесува традицијата на неговите деца

Денес е Велики четврток ден кога домаќинките пред изгрејсонце ги вапцуваат првите три јајца во црвена боја.
Симболиката на овие три јајца е следна, првото за Господ, второто за домаќинот и третото за среќа и бериќет.
Но исто така еден од обичаите кои се почитуваат на овој ден е минување со црвеното јајце по лицето на децата зборувајќи им: „Црвено бело дебело“ или „Црвено бело здраво и живо“.
Утринава овој обичај го испочитува функционерот Антонијо Милошоски. Тој објави видеа додека го применува обичајот за здравје и бериќет.
„Црвено, бело, дебело – здраво, живо, весело. За многу години Велики Четврток. Заедно со најмалите да си ги славиме празниците и да ја негуваме традицијата“, напиша Антонијо.
Фото: Принтскирин/ Фејсбук видео
РЖМ