Црвениот килим на Оскарите 2020: Кои модни трендови се враќаат?

Враќање на „екстраваганцијата“ е она што го предвидуваат  модните стилисти за годинешното издание на најпрестижниот црвен килим во светот-оскаровскиот, в недела, во театарот „Долби“ во Холивуд.

"Имаше години кога тој беше едноставно предвидлив. Ѕвездите носеа смокинзи, костуми, и тоалети во претежно во црна боја и тоа е секогаш класика", објаснува стилистката од Њујорк, Кејти Ким.

Но, оваа година Ким изјави дека очекува да види „екстраваганција ... бои, разни кроеви“.

Секако, вистинскиот изглед за Оскарите може да заработи ѕвездено внимание - без разлика дали е добар или лош.

Живописни бои и мешање на нијанси како црвена со розова се трендовите кои Ким очекува да ги види на црвениот килим на оскарите, заедно со претерани силуети и изненадувања.

„ Силуетите даваат многу можности, и секогаш барам нешто навистина интересно и украсно кога дизајнирам фустани за моите клиенти“, вели Ким.

Што се однесува до ѕвездите на кои треба да им се обрне внимание, Ким ја наброи целата актерска екипа на „Мали жени“, во која се вклучени Сурша Ронан и Флоренс Пуг, како нејзини најочекувани.

„Сите тие девојки се возбудливи и изгледаат одлично на црвениот килим“, рече таа.

Ким потенцира дека црвениот килим на Оскарите  ги спојува најдобрите од модата и најдоброто во филмот.

„И тоа ги прави влоговите малку повисоки и сите одат на тоа, без да скокаат над карпа и да одат премногу далеку“, изјави стилистката.

Извор: Ројтерс