Црно-бел свет за розова иднина: Моден двобој на Нина и Анита

Успешната соработка меѓу Народната банка и Министерството за финансии е клучна за донесувањето и спроведувањето на дел од политиките со кои се поттикнува економскиот развој на земјата. Ова беше нагласeно на денешната средба на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, со министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Ангеловска-Бежовска и Ангеловска на денешната средба покажаа дека контрастите се привлекуваат. Младата министерка за финансии која има минималистички пристап кога е модата во прашање за оваа средба одбра класична комбинација од сако и панталони кои ја следат линијата на телото. За разлика од неа, гувернерката на Народната банка беше похрабра во изборот, но не избега од елеганцијата која ја преферира. Сето тоа надополнето со впечатлива шик марама со точки кои се во тренд овој период.

Фото: Фејсбук-профил на Народна банка на Република Северна Македонија