ЦЕЛА ЕВРОПА „ГОРИ“: Турција руши рекорди, Грција имплементираше мерки, а Македонија во портокалова фаза

Жештините нема да ја заобиколат и Македонија, каде од денес има топлотен бран и портокалова фаза.

Заради маса топол воздух која се движи над Северна Африка и централниот Медитеран  кон исток, метеоролозите до петок предвидуваат  дека температурите ќе се искачат до 45 степени.

Врвот на топлотниот бран се очекува во  денес и утре, а температурите треба да опаднат за време на викендот. Колку е опасна ситуацијата по здравјето покажува и фактот што од вторник училиштата во делови на Грција ќе бидат затворени во 11:30 часот или воопшто нема да работат доколку локалните општини решат дека жештините се пресилни. Грчкото Министерство за труд ги повика луѓето од јавниот и приватниот сектор да работат од дома доколку е можно.

За многубројните туристи кои моментално се во Атина, грчкиот Црвен крст постави штандови на централниот плоштад Синтагма и на Акропол, каде што се дели бесплатна вода. На луѓето им се препорачува да избегнуваат излегување надвор во топлите попладневни часови, да пијат многу вода, да избегнуваат алкохол, да не јадат премногу и да избегнуваат енергично вежбање на отворено.

Турската метеоролошка служба предупреди и на топлотен бран, кој особено ќе го зафати западниот дел од земјата, каде се очекуваат температури од околу 45 степени.

Жештините нема да ја заобиколат и Македонија, каде од денес има топлотен бран и портокалова фаза.


Детали читајте на Фактор тука.