Бремената Пријовиќ ја напушти Србија: Еве каде ја виделе, сопругот не се одвојува од неа
Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ го очекуваат своето второ дете. Ќерката ќе пристигне за неколку месеци, а подготовките за новиот имот каде ќе се пресели семејството пред нејзиното доаѓање се во тек.
Додека се средува куќата на брачната двојка, бремената Александра Пријовиќ ја напушти Србија. Според добро упатен извор, таа со сопругот и синот престојува во семејната куќа на Живојиновиќ во Мајами.
Имено, Александра е видена на приватна плажа во Мајами, каде што уживала со својот сопруг Филип. Не се капела, но уживала во сончањето и пиењето кокосова вода.Александра и Филип решија да одат на заслужен одмор по успешната турнеја, која траеше повеќе од една година.
Сега заедно со синот уживаат на одмор во Америка, за да ги наполнат батериите за доаѓањето на наследничката, чие раѓање едвај го чекаат.
Бидејќи Филип има американско државјанство, тоа ќе го има и неговата наследничка, исто како и неговиот син Александар.
Фото: инстаграм
Извор: Story.rs