Брајан Адамс во Скопје: Создаде неповторлива магија со секој еден акорд, звук или стих

Турнејата на големиот музичар Брајан Адамс „Голи коски“ (Bare Bones Tour) значи и дека само со неговиот глас, гитара и пијано придружба тој создава неповторлива уметност.
Ја имавме честа да ни гостува во Скопје. Еден вокал од светски калибар кој со своите хитови остави музика за сите времиња, секоја песна запишана во светската музичка историја.
Концертот го организраше „Авалон“ а вчера македонската публика уживаше во „Дали некогаш навистина си сакал жена“ (Have You Ever Really Loved a Woman) или „Сѐ што правам, правам за тебе“ (Everything I Do, I Do It for You).
Исклучително духовит и забавен, тој разговараше со публиката цело време, создаде неповторлива атмосвера и со секој еден акорд, звук или стих создававаше магија.
Адамс прати сериозна порака до сите светски лидери кои почнуваат војни да ги снема како облак, зашто тој не сака неговите деца да растат во војна и деца да бидат бомбардирани.
Фото: Вангел Тануровски