,

Божикни рецепти: Направете си сами вкусни колачиња

Полека наближуваат празниците а освен украсувањето на домот и новогодишната елка кои ја креваат еуфоријата и адреналинот, сите се веселиме на подготвувањето на божиќни и новогодишни колачиња. Ви предлагаме два лесни рецепти, а вие пробајте ги и пишете ни дали ќе ви се допаднат. 


Meдени новогодишни колачиња 

 Меки како душа, брзо се прават, и го будат мирисот на детството. Како и сите суви колачи, се благодарни бидејќи може долго да стојат, а со овој рецепт нема да згрешите. Состојки: 350 гр брашно 100 гр шеќер Половина кесичка прашок за пециво По желба зачин за медењаци и неколку супени лажици мед 100 гр мелени бадем 2 јајца 120 гр путер Подготовка: Се меси тесто од сите состојки, оставете го еден час да отстои, додајте ги бадемите и печете 10 минути на 180 до 200 степени Целзиусови. 

Лондонери-колачиња 

Лондонерите се уште еден Божиќен рецепт, кој без разлика на името, нема многу врска со главниот град на Велика Британија. Лондонерите со години се составен дел од традицијата за Божиќ во многу земји. Ние ви ги предложуваме токму нив: Состојки: 300 грама брашно 150 грама путер Ванилен шеќер 2 јајца Прашок за пециво 2 лажици млеко Подготовка: Замесете тесто, оставете да отстои и ставете го во плех. Премачкајте со џем по желба и подгответе прелив од чоколадо. Изматете две белки во снег, додајте ја стопената чоколада (150 гр) и 100 грама сецкани ореви или бадеми. Намачкајте на тестото и печете 20 минути на 180 степени.