БОРБА СО „БЕЛАТА ЧУМА“: Македонци од рурални средини се венчаваат со невести од Албанија

Сѐ помалку венчавки, и пад на бројот на родени деца. Ова е сликата на Македонија која веќе со години ја коси „белата чума“.

Сето ова е поткрепено со статистички податоци. Според бројките на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2019 година, во споредба со истиот период лани е намален за 7.4 отсто и изнесува 5 374 живородени деца. Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 0.2 отсто во споредба со истиот период од 2018 година и изнесува 4.302 бракови.

Мажите кои живеат во руралните средини со помош на посредници наоѓаат животни сопатнички од соседна Албанија.

„Во многу места придонесовме да се исполнат училниците со деца, да се чуе детскиот џагор, да оживеат места кои беа скоро пред опустушување“, вели Драган Романски од Здружението „АМАНЕТ“  од Битола. 

Тие посредуваа за македонско – албански бракови, а Романски додава дека голем број од тие семејства се многудетни, и првите деца веќе се во млади луѓе, интегрирани целосно во општеството, целиот текст прочитајте го на Фактор.мк