Бомбастичниот филм од 1991 година на Моника Белучи во долна облека е непобитен доказ дека таа е најубавата жена која некогаш чекорела по земја

На прашањето „Која е најубавата жена на светот“, повеќето Европејци без двоумење ќе кажат дека тоа е Моника Белучи, а славната Италијанка со децении докажува дека оваа титула и е дефинитивно заслужена.

Во ерата на „пластичната“, вештачка убавина, таа остана доследна на својот природен изглед, решена да старее достоинствено и без непотребни естетски корекции. Денес се чини дека сме преплавени со убави жени, повеќе од кога било досега, но тажно е што тие често личат една на друга, заборавајќи на автентичноста како најголема вредност.

Но, Моника отсекогаш била само своја, а во раните 90-ти, кога нејзината кариера допрва почнувала, била навистина извонредна убавица, без никакви процедури или посебно дотерување. Деновиве на социјалните мрежи кружат инсерти од нејзиниот прв филм „The Raffle“, снимен во 1991 година, кои подобро од се докажуваат колку оваа дама ја краси раскошната, природна убавина.

Славната Италијанка тогаш имаше 27 години и штотуку влезе во светот на кинематографијата - пред тоа се занимаваше со манекенство. Инаку, Белучи во овој филм се разголи во еден од кадрите, односно ја гледаме во еротска долна облека од црна чипка и подвезици.


Ова е една од ретките ситуации кога Моника го покажа својот шарм, со оглед на тоа што во наредните години престана да се фали со својот шарм, а публиката немаше можност да ја види ниту во бикини.


Фото и Видео: Инстаграм

Не личи на себе: Моника Белучи ја обои косата руса (ФОТО)