Бомбакис со среќни вести за Велигден: Честитки доаѓаат од сите страни, Бисера најсреќна

Добивај вести на Viber

Среќни вести за Велигден доаѓаат од семејството на познатиот Кристијан Станковски во јавноста познат како Бомбакис.

Преку видео на социјалните мрежи, заедно со сопругата и ќерката Бисера споделија убави вести. 

Имено, во семејството на Бомбакис доаѓа четврт член. Семејството се проширува, а радоста со родителите ја дели и малата Бисера која се роди на крајот на декември 2023.



„3+1=4“ - напишаа Бомбакис и Вики покрај видеото кое го споделија на социјалните мрежи, а честитките веднаш почнаа да се редат.

Инаку, Бисера често ја гледаме на социјалните мрежи преку видеата споделени на истите.