Богата лотарија, ревии и многу изненадувања: Програма и учесници на 10иот Саем за венчавки

Саемот за венчавки по 10ти јубилеен пат ќе стартува во петок на 21 февруари и ќе трае до недела 23 февруари до 19ч.

Најголемиот настан во сферата на свадбите во регионот ќе понуди богата програма сите три дена, а ќе стартува во петок со свеченото отворање и ревијата “Познатите во венчаници и костуми”.

Петочната вечер е наменета за гостите на изложувачите и медиумите и ќе стартува во 20ч до 22ч.Саботата од 09ч саемот е отворен за посетителите и ќе трае до2 21ч, а недела од 09 до 19ч.


Програма за сабота и недела


На програмата на саемот во сабота и недела се предвидени 10 индивидулани модни ревии на венчаници, костуми и накит.

Ревиите започнуваат од 13ч и на секој следен час ќе следува нова ревија. Помеѓу ревиите е предвидено да имаме забава со реномирани музички групи, како и танцов перформанс.


Богата лотарија


Влезницата за саемот се купува на самото место, а ќе чини 100 ден. Со влезницата добивате списание “Убавина и здравје”, а секоја невеста добива и шопинг картичка (персонализирана) со која може да добие саемски попуст кај изложувачите. Со купувањето на влезницата посетителите учествуваат во мошне богата лотарија со над 300 подароци.

Извлекување ќе има на секој 2 часа, а од наградите издвојуваме (венчаница по избор од еден од дизајнерите, накит, часовник, ваучери од 8000 ден, ваучери од 3000-5000 ден, вечера за двајца во целосно свадбено мени, 5 ваучери за спа центар, специјализирани уметнички портрети и мн. други награди.


Најдобрите македонски и светски дизајнери на едно место!!!


За изборот на вашата совршена венчаница на саемот ќе се погрижат најодбрите од најдобрите. Со свои нови колекции за 2020 ќе се претстават: Елена лука, Антонија Ристовска, Мкоутуре, Пепика Атеље,Атеље Коцарева, Ателиер бај Сониа, Атеље Конели, Атеље Кадора, Бјанка Споса, Анна Бора, Атеље Соња, Венчаници Жана, Атеље Проминент бај Ивана како и светските модни брендови:Моника Лорети, Ману Гарсија, Ангела Ди Марино, Валерио ЛУна и Ханибал Лагуна. За машките костуми тука се број еден брендовите кај нас Тивес, Сињори и Диас.


Накит и свадбени аксесоари



Цело е кога има се


За целосно совршена свадба ви требаат и многу други работи освен венчаница, костум и бурми. Прво ви треба ресторан, а токму најдобрите и најбараните ќе бидат на саемот за венчавки.

Фото и видео продукции

Најдобрите свадбени кинематографи на едно место. а…


Без покани нема гости


Поканите се првиот ваш контакт со гостите, токму затоа треба да бидат перфектни, а за тоа ќе имате голем избор.


Шминка, Фризура за комплетен изглед


Нашиот главен адут за совршен изглед на сите манекенки од модното студио Црнокрак се Арт школата за убавина, а тука е и салонот за убавина Шарм со специјални понуди за идните невести, а за комплетирање на убавиот изглед со своите козметички производи на саемот ќе ја видите и понудата на Ипсум, како и богатата понуда на козметика и подароци од Цептер.


Главната бина ќе биде светска



Водител и домаќин на настанот е прекрасната водителка на Брза Кујна Александра Илиевска, а моделите за ревиите се од модното студио Црнокрак.