БЕСПЛАТНО ПАТУВАЊЕ НА СМЕТКА НА ЕУ: Ќе се доделуваат пропусници и во Македонија, еве кој може да ги користи

Министерството за образование и наука информира за иницијативата на Европската комисија која нуди речиси 36 000 бесплатни патувачки пропусници низ Европа за млади од 18 години.
-Преку Програмата DiscoverEU 2025 Европската комисија им овозможува на избраните апликанти да патуваат со воз најмногу до 30 дена во периодот од 1 јули 2025 до 30 септември 2026 година, со цел културно истражување и едукативни доживувања низ Европа, објави МОН.
Право на аплицирање имаат лица родени помеѓу 1 јули 2006 и 30 јуни 2007 година, кои се жители на земји членки на ЕУ или на земји поврзани со програмата Еразмус+ (Исланд, Лихтенштајн, Македонија, Норвешка, Србија и Турција).
Крајниот рок за пријавување е среда, 16 април 2025 до 12 часот, преку Европскиот младински портал (https://youth.europa.eu/home_en). Пријавата вклучува проверка на исполнување на условите и краток квиз за ЕУ, по што следува електронска апликација.
Детали на фактор тука.