Белопета: Ова што го прави Министерството за култура го нема ни во Африка

Новата распределба на државните пари за годишната програма на Министерството за култура повторно ги вознемири македонските уметници и културни работници. Овој пат доделени се средства за култната манифестација Skopje Jazz Festival, како и за Of-Fest кои се под иста организациска „капа“ на Оливер Белопета. Сега фестивалите добиваат по три милиони денари од институцијата со која раководи министерот Арбер Адеми, но се чини дека тоа не е доволно за продолжување на традицијата. 

Белопета во разговор за Фактор вели дека вакво водење на постапките за доделување на средства за годишната програма нема никаде на Балканот, а веќе ниту во африканските држави. Конкурсот бил објавен во ноември лани, а дури на почетокот на февруари беа соопштени првичните резултати при што имаше скандалозни одлуки за финансирање на манифестации од „тазе“ формирани организации. Исто така Белопета критикува за долгото спроведување на постапката бидејќи манифестациите веќе се планираат, програмите треба да се затворат и да се направи план, а допрва ќе следува поднесување и одговор на жалби, правење планови и дури потоа склучување на договори за манифестациите. 

Од Министерството за култура пак велат дека повторното разгледување на пријавите е извршено согласно принципите на професионалност, разновидност и креативност, следејќи го гласот на културните работници и професионалци.

Интервјуто со Белопета го имате на ФАКТОР.МК