АКО ТЕ ТЕРА НА ПЛАЧЕЊЕ, ОТКАЧИ ГО: 11 совети од мајката за ќерката

Српскиот портал „Мисли позитивно“ објави емотивно писмо од мајка која раскажува кои се најважните работи за кои може да ја научи својата ќерка. 

„ Драга моја, секогаш гледај ги луѓето додека разговараш со нив. Од вистината нема ништо поголемо, во очите ќе ја препознаеш. Слушај ги оние кои што ти зборуваат. Важно им е , важна си им ти штом те избрале да ти се доверат. Никогаш не им суди на луѓето, освен ако километри не си поминаала во нивните чевли“, е дел од писмото на мајката.

Таа ја советува ќерката дека животот е полн со разочарувања, и таа секогаш ќе стои зад секој нејзин избор. „Но, што кога јас нема да бидам тука? Затоа, ти оставам список од онаа мојата животна фиока во главата“, вели мајката. Ова се единаесетте совети: 

- Не си подобра од никого кој не е подобар од тебе. 

- Немој да бидеш скржава кога избираш пијалок, парфем или чанта. Погрижи се чевлите секогаш да ти бидат чисти. 

- Не треба да имаш 500 пријатели. Важно е да имаш еден, но вистински.


- Парите не се важни и немој да ги цениш луѓето според нив. Но, мораш да ги имаш, секогаш. За оние ситуации кога мораш да бодеш жена со став, за оние ситуации кога животот ненадејно ќе те „нападне“.

- Секогаш превземи одговорнст за своите постапки и извини се кога не си во право. Не се плаши од неуспехот.

- Ако тој те наведува на плачење, не станува збор за солзи радосници, не е вреден за трудот. Не му дозволувај да биде идиот спрема тебе, откачи го. Ќе имаш некој кој ќе те сака таква каква што си. 

- Не спиј наоколу со секого. Не биди девојка за забава. Води сметка за себе си, чувај се од половите болести и користи контрацепција.

- Многу малку работи се поболни од породувањето. Бикини депилацијата е хорор.

- Научи да готвиш. Не поради некој друг, туку поради себе. Задоволи ги своите сетила. Не дозволувај денот да ти помине без музика  и не губи смисла за хумор. Смееата нека те води низ животот.

- Читај. Читај секој ден, сѐ што ќе ти дојде при рака. 

- Повтори по мене: „Јас можам да остварам сѐ што ќе посакам“.

Секогаш ќе бидам твојата поддршка. 

Фото: Хафингтон пост