Ако мора некој да е прв, зошто да не си ти: Храбрата Менди Хичсон, прва жена воен пилот во Велика Британија

За жал, кога бев заинтересиранa да го остварам ова како моја кариера, немаше други женски пилоти во војската или, воопшто, во медиумите. Моите родители ме поттикнаа, мајка ми секогаш ми велеше „Ако мора да биде некој прв, зошто да не си ти?"

Менди Хичсон е првата жена воен пилот во Кралската воздушна сила (RAF) во Велика Британија, и втората која управувала со „Tornado GR4“. Станува збор за личност која со самото појавување носи вистинска позитива, а нејзиниот животен пат е инспирација која ќе Ве натера да ги следите Вашите соништа. 

По 16 години служба и над 45 мисии во Ирак, Менди сега е сопруга и мајка на две деца, а во исто време и мотивациски говорник, кој присуствуваше во Македонија по повод јубилејот на компанијата „Ernst & Young“.

За љубовта кон летањето, за најстрашните мисии, за издржливоста, но и за семејството, храбрата Менди сподели парче од својот животен лет за Женски Магазин.

* Зошто одлучивте да бидете воен пилот? Зошто сакате да летате? Каков беше патот кон врвот?

- Ја имав првата лекција по летање за мојот 13-ти роденден и тогаш се заљубив во летањето. Се приклучив на „Тренингот за обука на авиони“, па имав можност да ги искусам воздушните летови од своите 14 години.

Научив да летам на 18 години, кога ја добив лиценцата за приватен пилот (PPL). Ја сакав слободата што ми ја дава, чувствував како да танцувам со облаците. Тоа е неверојатно предизвикувачка кариера, каде ниту еден лет не е ист, и тоа е она што го сакав.

* Дали се соочивте со стереотипи дека сте жена, а тоа е работа на мажи и Вие затоа не треба да сте пилот?

- Се приклучив како втора жена „Tornado GR4“ пилот, па таму имаше доста луѓе кои веруваа дека станува збор за работа која е само за мажи. Но секогаш кога има промени, секогаш ќе има луѓе кои се противат на нив. Моја работа беше да им докажам дека не се во право!

* Најстрашната и најинтересната случка од Вашите мисии?

- Имав судир со птици, каде што 3 големи птици го оштетија предниот дел на авионот и мојот лев мотор. Ние извршивме итно слетување под „Mayday" повик на аеродромот „Prestwick“ во Шкотска. Поради нас еден џамбо-џет вртеше наоколу, бидејќи беше приоритет ние да слетаме.

Едно од одделенијата што ги водевме беше пустината Аризона во Америка. Бевме базирани од воздухопловната база „Нелис“, веднаш зад Лас Вегас. Летањето беше на многу ниско ниво од пустината, со фрлање оружје на мети. Областа беше многу слична на онаа на Големиот Кањон, а тоа беше секако неверојатен поглед.

* Што беше главната работа што Ве држеше смирена во тие тешки ситуации?

- Од суштинско значење е да останете смирени, да размислувате логично и да ја користите вашата обука за да одржите навистина добра свест за ситуацијата, за да бидете сигурни дека целосно разбирате што се случува.

* Како изгледаше еден ден низ „пилотските очи“?

- Ве молиме наведете детален типичен ден како пилот. Не постои типичен ден, затоа го сакав тоа!

Ако базата е дома, секој ден почнува со „Met brief" каде што дознаваме какво ќе е времето тој ден и кои области на Велика Британија се посоодветни за летање. Потоа ја планирате Вашата мисија со остатокот од формацијата, секое лице е задолжено за посебна работа. Потоа разговарате за патувањето, во огромни детали, разговарајќи за секој аспект, особено за работите за кои мислите дека може да тргнат наопаку. Потоа има објаснување, каде што ја опишуваме мисијата на постар, овластен службеник. Добивањето на летечката опрема трае околу 20 минути. Топлинска долна облека, летечки костум, костум за во вода (ако летате над вода), „g“-костум, јакна за спасување и вашиот шлем. Летот нормално трае околу 1,5 час. Различни мисии ќе бидат- бомбардирање, средби со борбени авиони, летање со инструменти, општо ракување, навигација и блиска формација. Повеќето летови вклучуваат многу од овие аспекти. Потоа имаме состанок каде гледате да научите што е можно повеќе за она тргнало на добро и на лошо. Целиот циклус трае околу 6-7 часа.

* Раскажете ни нешто повеќе за искуството како „RAF Fighter“ пилот? Како заврши и што Ве научи?

- Омилен дел од мојата работа беше фактот дека два дена никогаш не се исти. Тоа би можело да биде неверојатно предизвикувачки, но исто така и големо задоволство. Уживав да бидам дел од навистина тесно поврзан тим, тим кој ќе оди повеќе од една милја за било кој во која било ситуација.

Дојде до природен крај, кога стигнав до крајот на мојот 16-годишен договор. Научив толку многу во „RAF“, особено за лидерство, тимска работа, донесување одлуки, поставување цели и култура. Затоа го поставив мојот сопствен бизнис да ги споделувам моите искуства со луѓето ширум светот. Област што навистина е најинтересна е онаа на управување со закани и грешки, учење од нашите грешки и минимизирање на истите во иднина.

* Да се ​​биде единствената жена таму ... колку беше тешко?

- За жал, кога бев заинтересиранa да го остварам ова како моја кариера, немаше други женски пилоти во војската или, воопшто, во медиумите. Моите родители ме поттикнаа, мајка ми секогаш ми велеше „Ако мора да биде некој прв, зошто да не си ти?"

Понекогаш беше тешко да се биде единствената жена, но имав многу поддршка од пријателите и колегите, кои го направија процесот многу полесен.

* Да се ​​биде мајка во исто време. Како се снаоѓавте?

- Тоа беше огромен предизвик, како што е и за сите родители кои балансираат меѓу воспитувањето на децата и нивните кариери. Лесно е да верувате дека не сте успешни, да се чувствувате виновни за тоа да не сте на работа доволно, или дека не ги гледате децата доволно, но важно е да бидете љубезни кон себе. Ние сите го правиме најдобро што можеме!

* Како балансирате меѓу Вашиот приватен живот и кариера? 

- Моето семејство секогаш ме поддржуваше во мојата кариера, беше 100% позади мене. Сега, кога сум мотивациски говорник, најдов одличен баланс помеѓу работата и мојот приватен живот.

* Која е Вашата мотивација во животот?

- Да го живеам животот во целост. Да не жалам. Да ги сакам оние околу мене безусловно. Да бидам среќна!

* Што се обидувате да промените или да ги научите младите луѓе во светот со Вашето искуство, што според Вас е важно во животот?

- Мора да ги следите вашите соништа, а не оние на вашите пријатели или семејство. Бидете вистински за себе и храбри во вашиот поглед на животот. Ако вашите планови не излезат како што треба, пронајдете друг начин за да стигнете до целта што ќе си ја поставите на прво место. Следете го моето мото:  „Сонувајте, верувајте и направете го тоа!“

* Кои се Вашите хобија сега?

- Сакам да играм тенис, да бидам фит, да имам убави долги прошетки со мојот сопруг и да тркнам на некое фантастично скијање секогаш кога ќе имам можност. Сакам да ги гледам моите две деца на спортските терени, како играат рагби и фудбал. Јас, исто така, сум и амбасадор на „Хемпшир Спорт“ и на одборот на доверители во „Victory Services Club“ во Лондон. По сето ова изгледа дека имам малку време за да ја исполнам мојата страст, читањето!

* Кои се Вашите идни планови?

- Ќе се искачувам на највиокиот планински врв во Африка, во експедиција „Килиманџаро“ во октомври, за што сум навистина возбудена.

* Како Ви се допадна Македонија?

- Многу ми се допадна, особено луѓето што ги запознав. Јас не можам да се чувствувам подобредојдено. Ви благодарам.

* Опишете се со еден збор.

- Храбра.



Даница Караташова