Ако го скршите огледалото, Баба Ванѓа остави прецизно упатство што да направите: Само така ќе се спасите од негативна енергија

Баба Ванѓа веруваше во симболиката и значењето на секојдневните појави, вклучувајќи го и скршеното огледало, кое во нејзините толкувања имаше негативна конотација.
Баба Ванѓа посветуваше посебно внимание на огледалата, бидејќи ги сметаше за важни енергетски портали во нашите домови. Нејзините учења за огледалата беа детални и специфични, нагласувајќи ја нивната духовна и енергетска важност.
Во случај да се скрши огледалото, Ванѓа имала прецизни упатства за неутрализирање на потенцијалната негативна енергија. Таа препорачувала деловите од огледалото внимателно да се соберат и да се намократ со чиста вода.
Овој чин го симболизира прочистувањето и ослободувањето на заробената енергија. После тоа, таа советувала скршените парчиња да ги закопаат во земја, подалеку од куќата. Овој ритуал, според верувањата на Ванѓа, не само што го спречува ширењето на несреќата, туку и ја враќа енергијата назад на земјата.
Пророчицата била особено внимателна со огледалата кои биле изложени на негативни енергии. Ако огледалото стоело во просторија каде што престојувало болно лице или имало чести кавги, Ванѓа советувала посебна процедура за чистење.
Таа препорачувала ваквото огледало прво да се попрска со света вода, која симболизира духовна заштита и прочистување. Потоа, огледалото треба темелно да се избрише со чиста, бела крпа, почнувајќи од центарот кон рабовите.
Според Ванѓа, оваа постапка ги „брише“ насобраните негативни енергии и му ја враќа на огледалото првобитната чистота и позитивната рефлектирачка моќ.
Исто така, Баба Ванѓа строго забранила да се чуваат скршени или испукани огледала во куќата. Таа веруваше дека таквите огледала можат да станат опасни енергетски портали, бидејќи привлекуваат и задржуваат негативни сили.
Оштетените огледала, според нејзините учења, го искривуваат не само физичкиот одраз, туку и енергетската слика на просторот, што може да доведе до несреќа, конфузија и дисхармонија во домот. Затоа, таа инсистираше оштетените огледала веднаш да се отстранат од станбениот простор и да се заменат со нови, со што ќе се обезбеди непречен проток на позитивна енергија и ќе се одржи енергетскиот биланс на домот.