Агресивен, спонтан и зависник од добар секс: Мажот Овен под лупа

Дали сте заљубени во машко Овен? Ако одговорот е широка насмевка на вашето лице, тогаш сте избрале добар “мачо” во вашите раце. Управуван од Марс, топлата, црвена, активна планета, машкото Овен е познат како вистински воин. Бестрашен и храбар, активен и незапирлив, тој е секогаш желен за нови искуства. Со овој човек никогаш нема да ви биде досадно!

КОЈ Е ВАШИОТ ПРЕДИЗВИК?

Свртете му вниманието од неговите постојани деловни активности и зделки и обидете се да ги задоволите неговите значителни физички потреби.

КАКО ДА СЕ СПРАВИТЕ СО НЕГО?

Ако закажувате прв состанок со машко Овен, исклучете ги сите вообичаени идеи и одберете нешто навистина предизвикувачко. Овенот, како најголем љубител на ризикот и авантурата, е способен да ужива во било какви активности со вас, летање со параглајдер, банџи скокање или брзо возење. Принципот кај ова машко е едноставен, тој еднаш мора да се обиде. Искористете го ова за да му го сврете умот и покажете му го патот надвор од рутината за да може да се фокусира на вас.

Да се биде таков огнен и машки знак истовремено, значи дека на Овенот му е потребен редовен, високо активен сексуален живот. Тој е способен да биде и агресивен и спонтан, и овој човек дефинитивно сака да го превземе водството од негова страна. Во исто време, овој знак е многу заштитнички настроен кон партнерката, постојано спремен да се бори за неа, буквално или фигуративно. Сепак, внимателноста уклучете ја на најјако, кога станува збор за неговото его. Ако расположението значително ви варира, не изненадувајте се ако бидете наеднаш отфрлени.

Овенот обожава предизвици, па може да го подбуцкате во шегите или да го држите одговорот надвор од дофат, се до крајот на потрагата. Погледот на некои од мажите овни знае да биде и непостојан, затоа ако сакате да го задржите овој маж, задржете ја и неговата игра. Бидете му изненадување кога најмалку очекува, искористете секси долна облека во неговата омилена боја, црвена и запалетете неколку свеќи, бидејќи оганот е тоа што го возбудува. Но, најмногу од се, тој ужива во возбудата на трката по вас.

ШТО ДА МУ ПОДАРИТЕ?

Кога станува збор за подароци, мажот Овен повеќе сака некакво искуство, отколку нешто опипливо. Би можеле да купите билети за возбудлива кошаркарска игра, каде што ќе може да си го надвика адреналинот, за секако после да ви врати за прекрасното доживување, во кревет, истата вечер подоцна.