Елиминирајте го стресот со овие пет совети

Со притисокот што секојдневно го чувствуваме многу е тешко да се избегнат нервозните ситуации. Сепак, треба да најдеме начин стресот што помалку да влијае на нашето здравје. Во продолжение ви нудиме 5 совети што можат да ви помогнат.

1. Овошје и зеленчук

Во исхраната користете колку што е можно повеќе овошје и природни сокови без шеќер. Консумирајте авокадо, бадеми, ореви, портокали и лимони. И свежиот зеленчук помага во борбата против стресот. Зелената салата, доматите и пиперките внесете ги во секојдневната исхрана.

2. Прошетки

Пешачењето од десетина минути до половина час повеќекратно позитивно влијае врз здравјето затоа што така се смируваат нервите, се вдишува чист воздух, се раздвижуваат и се опуштаат мускулите. Освен тоа, прошетките поволно влијаат и на крвните садови.

3. Чај

Ритуалот на пиење смирува, а особено е корисно ако против стресот се користи и соодветен чај: од ѓумбир, нане, камилица, валеријан, липа..

4. Осветлување

Обидете се работниот простор да ви биде добро осветлен, а не мрачен. Најдобро е работните и дневните простории да ви бидат добро осветлени со дневна светлина.

5. Луѓе и планови

Научете се на некои луѓе да им кажете „не“. Испланирајте што е битно, а што може да се одложи за некој друг ден.