5 круцијални причини за конфликти кај младите родители

Како да ги надминете за да не ја влошите врската

Подигнати емоции, недостаток на сон, вознемиреност од воспитување на малите деца и целата тензија околу родителите понекогаш ја отежнуваат комуникацијата во семејството. Родителските конфликти честопати се предизвикани од нервоза и недоразбирање во врска со воспитувањето и чувањето на децата.

Постојат пет главни видови на конфликти со кои најверојатно ќе се сретнат новите родители. Ако не успеете да поминете низ нив разумно, постои ризик од влошување на односите.

Кои се најчестите причини за родителскиот конфликт?


1. Јас го завршувам поголемиот дел од работата"

Кога едниот родител, најчесто мајката, останува дома да го гледа бебето и таткото работи, нервозата доаѓа од постојаната мисла дека таа е таа која прави сè за бебето. Вечната борба за тоа кој е поуморен, кој најмногу се занимавал со дневна грижа, менување на пелени, подготвување храна, кој заслужува одмор во вечерните часови и на кого му треба повеќе сон, се само некои од темите кои предизвикуваат судири .

Кое е решението?

Едно од најдобрите решенија за овој проблем е меѓусебно препознавање и благодарност. Подеднакво поделување на обврските и справувањето со нив е единствениот начин да ги надминете предизвиците на родителството без да навлезете во сериозни конфликти. Сепак, за да успеете, треба да имате постојана и отворена комуникација.


2. „Сакам да биде по мое

Проблемот во овој случај, кога едниот родител се обидува да се наметне себеси, а другиот инсистира на свое воспитување, произлегува од различните модели на родители на секој од нив. Во едно семејство, идеите и правилата обично се пренесуваат на следната генерација, дури и ако не се согласивте целосно со некои од методите на родителите. Кога постои несовпаѓање со разбирањето на партнерот, имате проблем.

Кое е решението?

Решението е да научите да правите компромис и да го прифатите гледиштето и на вашиот партнер. Не инсистирајте на нештата коишто вие сте си ги замислиле. Побарајте го тоа и од вашиот партнер. Заедно повлечете се од „вашиот начин“од тоа да „биде по ваше“ и најдетесилни точки на двата модела на воспиување и нивно користење како еден цел комплексен систем.


3. Ред е на мајка мида се грижи за бебето“

Ако сте блиску до вашето семејство, но не и со семјеството на партнерот, но се случува во повеќето случаи неговите родители да се грижат за вашето бебе да ве заменат, може да се појави конфликт. Во повеќето случаи, ова е заради вашето несогласување со нивното разбирање или критикување на вашиот пристап. Кога ќе се зголеми стресот, ги притискате вашите родители да го почуват, да се грижат за  детето следниот викенд, на пример.

Кое е решението?

Решението за овој проблем е да бидете строги кон родителите и од двете страни. Штом вие и вашиот партнер воспоставите јасни правила за по кој начин ќе го воспитувате вашето дете, споделете ги со вашите и неговите родители. Инсистирајте на тоа,  тие да се придржуваат подеднакво на вашите барања. Откако ќе имате јасни правила, ќе имате и поддршка од партнерот, и родителите од двете страниќе ги почитуваат правилата.


4. Не може ли бебето да спие во детската соба?"

Повеќето мајки би биле лути на своите партнери на таквото прашање. После ваквото прашање, голема е веројатноста да експлодирате со аргумент дека целото време и енергија ви се насочени кон бебето, додека вашиот сопруг спие слатко.

Кое е решението?

 За да не се навлезе во ваков вид конфликти, важно е да се разберат неговите или нејзините потреби, како и вашите и оние на вашето бебе. Сосема е нормално да се разбудите среде ноќ да го нахрани вашето новороденче. Обидете се да го сторите тоа на начин што нема да му пречи на вашиот партнер, особено ако тој е ангажиран во секојдневна работа.

Обидете се исто така да го надминете заморот и на други начини - јадете добро, пијте повеќе течности, движете се повеќе со вашето бебе, дремнете кога и да имате можност. Како велат додека спие бебето, спијте и вие.


5. „А јас ?!"

Бевте зафатени со хранење, соблекување, со бањање на вашето бебе. Целото ваше време го потрошивте според неговите потреби. Нормално е во одреден момент да се запрашате каде се вашите потреби. Ова чувство на безнадежност се засилува ако вашиот партнер се врати дома и, на пример, почнува да се жали за нешто. Пред да зовриете, обидете се да пронајдете решение.

Кое е решението?

И прво и најважно е да прифатите дека кога еднаш имате бебе, работите во животот никогаш нема да бидат исти како порано. Ова не значи дека не можете да се справите и мора да сте навикнати да се запоставувате. Само направете план и  поделите го времето за себе и за партнерот што ви треба и на двајцата.

Земете мало родителско отсуство. Оставете едниот родител да се грижи за бебето, додека другиот е надвор и се забавува или прави работи што го прават среќен.