4 генерации музичари од Спасенцовски на едно место: Сопругот на Антониа Гиговска горд на фамилијата

Одличен спомен
Сопругот на Антониа Гиговска, Роберт потекнува од музикално семејство. Неговиот татко Боби Спасенцовски е познат фолк пејач, а и неговиот брат Александар има свој бенд и е музичар кој свири заедно со неговата партнерка Јана која исто така е пејачка. Александар има и свои песни.
Роберт исто така е музичар кој има направено и испеано неколку негови песни и е верен придружник на неговата сопруга Антониа, тие настапуваат секаде заедно.
Неодамна пејачката се пофали дека и нивното синче Киан има музички предиспозиции, откри дека знае да запее со мајка му и татко му и оти е музикално потковен и подготвен да го посети музичкото студио на Лазар Цветковски, еден од најуспешните продуценти и композитори кај нас.
Дедо им, таткото Боби, неговите синови Роберт и Александар и синчето на Антониа Гиговска и Роберт кој се потпишува под севдонимот Џокер, Киан.
Можеме само да претпоставиме колку е весело и колку песни се пеат на празници и семејни ручеци кај оваа семејство.
Р.Ж.М.
Фото: Инстаграм