11 особини на незаборавните жени: Убавината е во нејзините очи, бидејќи тие се вратите до нејзиното срце

„Убавината на жената не е во облеката која таа ја носи, фигурата која ја има, или начинот на кој ја врзува својата коса. Убавината на жената е во нејзините очи, бидејќи тоа се вратите до нејзиното срце, место каде престојува срцето. Вистинската љубов е рефлектирана во нејзината душа. Тоа е нега која таа љубезно ја дава, страст која ја покажува и убавина на жената која расте со годините кои минуваат“. Значи, во чест на сите прекрасни жени, еве 11 особини кои многу се почитуваат.

1. Вашата љубезност

Вашата љубезност е очигледна каде и да одите. Без разлика колку пати таа била занемарена, вие сте издржале. Луѓето на кои им ги допревте животите ве сакаат повеќе отколку што зборовите можат да опишаат. 

2. Ваша независност 

Ако сте ја нашле вистинската личност, постојат шанси да се заљубила во вашата независна природа. Не ценете ги своите вредности во зависност од партнерот, туку од единствени и фантастични особини кои ги држите во искреното срце. 

3. Ваша несебичност 

Незаборавната жена секогаш дава повеќе отколку што прима. Замислете една или две највлијателни жени во вашиот живот, жената која ја сакате повеќе од се.  Потоа запрашајте се: дали ги ставила потребите на другите пред своите потреби? 

4. Ваша грациозност

 Незаборавните жени секогаш изгледаат толку грациозно. Дали некогаш сте гледале документарец за Жаклин Кенеди или принцезата Диана? Биле со одлична елеганција и класа. 

5. Ваша страст

 Го сакаме вашиот ентузијазам и возбудување поради она што ви е важно. Се воодушевуваме колку вашата страст речиси секогаш е ваша цел. Нешто друго што сакаме е ваша страст за големи и мали работи-што е денес некоја необична особина. 

6. Ваша поддршка

 Без разлика дали  тоа е ваш пријател, член на семејство, или партнер, вашата поддршка никогаш не е лажна и никогаш не престанува. Иако нема секогаш да се сложите со нас, секогаш ќе не поддржувате 100%. 

7. Ваше сфаќање 

Знаете што сме способни да станеме , дури и ако ние тоа не го знаеме. Сепак нема секогаш да ја почитуваме проникливоста, сфаќаме дека вашата мудрост заслужува длабоко разгледување.

8. Ваша енергија       

Ја сакаме вашата енергија и желба за соочување со светот. Иако можеби не сте многу гласни, чувствуваме и искрено го почитуваме позитивниот став и прекрасна енергија. 

9. Ваша искреност

 Можете да бидете слатки, но не плашете се да бидете намќори ако тоа е потребно. Понекогаш тоа „намќорестото“ доаѓа откако некој се обидел да ве направи будала или ја сфатил вашата љубезност како слабост.

10. Ваша упорност 

Како што е објаснето, денес не е лесно да се биде извонредна жена. Исклучително е важно да сте успеале да ги задржите сите овие точки. Многу добри луѓе се подведени од модерното општество-нешто што зборува колку вие сте незаборавни!

11. Ваша љубов

Последното, но сигурно не помалку важно: фала ви за вашата љубов. Фала ви на сите времиња кога повикавте или одговоривте на телефон, ни го дадовте вашето уво и срце, ни рековте што требаше да слушнеме, и што ни дозволивте да бидеме де од вашиот живот. Ви благодариме за вашата љубов. Повторно.