10 Марфиеви закони за родителите

1. Колку повеќе ви се спие, толку побрзо вашето дете ќе се разбуди!

2. Колку повеќе се обидувате да ја организирате куќата, толку повеќе вашите деца ќе расфрлуваат!

3. Колку повеќе се обидувате да зготвите вкусна вечера, толку е поголема шансата на детето да му се пријаде сендвич, пица илихот дог!

4. Кога ќе отидете со вашето дете на роденден, тоа ќе се однесува на најужасен начин, иако дома беше вистински ангел!

5. Колку повеќе брзате, толку повеќе вашето дете ќе се мотка наоколу и сигурно ќе ги изгуби чевлите!

6. Детето одеднаш се разболува кога одите на работа и одеднаш е здраво кога ќе одите на лекар!

7. Колку повеќе се обидувате да ги ставите децата во кревет, толку повеќе ќе си играат!

8. Луѓето кои ја користат фразата "Спие како бебе" очигледно никогаш не чувале деца!

9. Ако вашето дете изгуби нешто, секогаш постои шанса да го најдете на најнеочекуваното место ... На пример - во фрижидер!

10. Колку подолго патувањето, толку повеќе децата се гладни или сакаат да го користат тоалетот!