Утринско кафе со Виктор Апостоловски: Секоја ситница е драма или неизмерна среќа

Искрено, кафе не пијам, ама првите моменти од денот ги поминувам со мојата прва љубов - музиката. Таа ме гушка, а јас и правам доручек.

Дневните планови се едноставни: Разбуди се и уживај во тоа што го правиш! Среќата се наоѓа во најситните и наједноставните работи во животот. А кога си среќен, се останато е како шо треба да биде.

Мотивацијата се наоѓа во секоја ситница од секојдневието. Кога си уметник, сите ситуации и моменти околу себе ги перцепираш многу поинаку од другите. Тоа е како една поинаква димензија, каде чуствата се три пати поголеми. На тој начин, секоја ситница е драма или неизмерна среќа.

Вечерта исто ја поминувам со мојата прва љубов - музиката. Ѝ правам вечера, турам винце (за мене сокче бидејќи не пијам алкохол) и уживаме до раните утрински часови (се смее).

Порано читав многу. Сега имам толку многу работа, што сакам да си пуштам филмче, да си земам чипс и сокче и да си уживам.