(РЕЦЕПТ) Посни бомбици од само две состојки

Во античко време, вакви колачи  земале воините пред да заминат во битка за да им дадат сила да издржат.

Сите ние сакаме да јадеме колачиња, но многу од нив не се толку здрави. Вештачките шеќери се вкусни, но не се добри за нашето тело.

Овие бомбицисе нешто сосема друго. Многу се здрави, се разбира, ако се консумираат во умерени количини.  А еве кои намирници се потребни за да се направат:

- 300 гр чиста паста од сусам, наречена тахини паста

- 300 гр мед

Подготовка:

Добро измешајте ги двете состојки, направете топчиња и изладете ги неколку часа. Можете да ги увалкате во потпечен сусам, но може исто така да ги увалката и во мелени ореви.