Постојано сте нервозни? Оваа билка го намалува стресот

Уште Хипократ на своите пациенти токму оваа намирница им ја препорачувал како своевиден лек за смирување. Станува збор за здрава и лековита билка богата со магнезиум, калциум и калиум, кои во комбинација може да ја ублажат напнатоста.

Станува збор за целерот, нискокалорично растение кое содржи висок процент течности, па многумина го сметаат и за идеален сојузник во борбата против вишокот килограми. Стеблото на целерот содржи дури 83 проценти вода и огромна количина влакна, па го намалува чувството за глад.