Часовници, луксуз на ниво: Во Македонија тие се во MY:TIME

Се прашувате зошто денес, кога сме опкружени со безброј различни гаџети, од кои сите покажуваат време, меѓу другото, сè уште би носеле часовници? Ги нарекуваат семоќни, безвремени, единствени, хронометри на животниот тек... токму заради сево ова, култните рачни часовници се неприкосновени и тоа веројано ќе биде за секогаш така. 

Рачниот часовник што гордо го носиме околу зглобот е многу повеќе од обичен мерач на времето. Покрај функционалноста што ни дава информации за времето, рачниот часовник отсекогаш бил, и останува симбол на добар стил, одраз на рафинирање, посебен вкус и софистицираност. За разлика од другите додатоци кои редовно ги менуваме, ние избираме часовници многу поретко, со многу поголема грижа и смисленост, осигурувајќи се дека тие целосно одговараат на нашиот животен па и моден стил.

Носењето на омилениот часовник станува навика и без тоа се чувствуваме голи и како да недостасува нешто, ако случајно заборавиме да го ставиме на раката наутро.

Облеката се менуваше, некои парчиња облека и додатоци беа популарни и целосно исчезнати, но рачниот часовник е постојана карактеристика на многу женски и машки зглобови. Трендовите и стиловите на часовниците, се разбира, се променија со векови, но часовникот останува ултимативен моден додаток, одраз на статусот и личноста, мал, но моќен!

Посебно луксузните часовници го привлекуваат вниманието на женскиот фокус. А, ние овде имаме за среќа најдобра компанија за часовици кои имаат врвни часовници. Добро познатата MY:TIME која е застапник на реномирани светски брендови на часовници и накит и има ланец на продавници ширум земјава, супериорно доминира со квалитетот. 

За софистицирани дами, има и софистицирани часовници. Ние издвоивме пет од најпознатите модни дизајнери на денешницата. Сите пет се и моден сопатник и статусен симбол и љубов на прв поглед:

DKNY- Donna Karan New York


Цена: 8.001 денари


MICHAEL KORS


Цена: 19.881 денари


TOMMY HILFIGER


Цена: 8.361 денари


EMPORIO ARMANI


Цена: 19.881 денари


JUST CAVALLI


Цена: 12.231 денари