,

Јадете ореви за да ослабнете и против предвремена смрт

Долго време се сметаше дека луѓето кои сакаат да симнат килограм плус не треба да јадат ореви. Но, истражувањата покажаа дека оревите се богати со корисни масти, протеини, витамини и фитохемиски соединенија. Научниците сега сметаат дека оревите помагаат за слабеење и заштита од дебелина. Луѓето кои консумираат ореви биле помалку тешки од оние кои не јаделе ореви. Покрај тоа, ризикот од дебелина кај обожавателите на ореви е помал од 5 проценти. Оревите, патем, имаат и други предности. Тие се корисни за меморија. И оревите и кикириките спасуваат од предвремена смрт. Истражувачите од Универзитетот во Мастрихт открија дека е доволно да се консумираат само 10 грама ореви или кикирики дневно, за да се намали ризикот од смрт поради рак, кардиоваскуларни болести и други широко распространети причини. Но, внимавајте путерот од кикирики  го нема овој ефект.