(ФОТО) Анџелина се враќа: Никогаш не изгледала вака шик!

Кога говориме за стилот на облекување на Анџелина Џоли, се сложуваме дека таа се држи до класиката, многу често до црно-бела палета на бои

Деновиве на Менхетен, преубавата актерка се појави на промоцијата на својот последен филм и тоа елегантна без комбинација која лесно можела да биде преземена од плакарот на Ким Кардашијан.

Секако, на Анџелина подобро и стои.

Едноставна но елегантна силуета и секако женствена, на што навикнавме кога оваа актерка е во прашање, здолниште во комбинација со боди во иста боја но малку подолга нијанса, црвена торба и капут од кашмир ги дополни со „стилето“ чевли во иста боја.

Неколку дена претходно, Анџелина се појави, исто така на прикажување на својот филм во нешто поелегантно издание во долга црна тоалета на едно рамо, додека со благата шминка и висечки обетки го направи изгледот  уште погламурозен. Црните „стилето“ чевли се нешто од кое Џоли не се одделува и кои и стојат совршено.

Која комбинација на популарната актерка повеќе ви се допаѓа?