Логопедите за читање и пишување: Кога детето е навистина подготвено?

Најважната задача на детето на стартот на школувањето е усвојување на способности за читање и пишување. За правилен развој на способноста за читање е неопходна подготовка која започнува од третата година на детето, а зависи од тоа колку и како возрасните го опкружуваат детето со пишувани содржини. Подготовката подразбира етапно усвојување на предчитачки способности кои се предуслов за усвојување на читањето. Развиеноста (неразвиеноста) на предчитачките способности може да ни бидат јасен знак дали детето ќе има тешкотии во усвојувањето на читањето. Предчитачките способности детето ги усвојува етапно и низ игра. Помеѓу 2 и 3 година препознава дека некој моментално чита или пишува, т.е. свесно е дека од читањето произлегува порака. Помеѓу 4 и 5 година станува свесно за разликите во зборовите, се јавува свест за насоката за пишување од лево на десно и од горе надолу, се усвојуваат поими како што се буква, збор, точка, етапно се појавува свеста за гласовната структура на зборот. Помеѓу 5 и 6 година нагло се подобрува свеста за гласовната структура на зборовите, што е основа за развој на читачката структура. Сега детето е подготвено на игра на раздвојување зборови на гласови, ужива во рима (сака песнички). Помеѓу 6 и 7 година детето има свест дека за секој збор постои соодветен знак-буква и тогаш подготвеноста за читање е на врв. Условите за непречен развој на способноста на читање и пишување се: уреден говорно-јазичен развој, способност за разбирање на она што го говори, говор на други, разбирање на содржината на приказната, изговорот на гласови до шестата година мора да биде уреден, а речениците уредни по граматичка структура. Важно е детето да е заинтересирано за цртање и пишување, да има уредно внимание и концентрација и да е моторички способно. Детето пред тргнување во школо добро запаметува и лесно учи песнички и воочува рима. Предчитачките и предпишувачките способности може да се постигнат низ различни активности и игра: игри со звуци (истражување звуци во природа, имитација и именување на звуци), игри со бројаници, опишување на слика, прераскажување на доживување, воочување на рима, игри со гласови и зборови, делење на зборовите на гласови (лав – л а в, глушец – г л у ш е ц), составување на гласови во зборови. Важно е да се нагласи дека квалитетната околина е онаа која придонесува за развој на пречитачки способности. Детето мора да биде опкружено со возрасни кои читаат, пишуваат и е вклучено во тие активности (читање приказна). Родителите често се прашуваат кога да почнат со подучување на читање па треба да се нагласи дека грижата за развој на претчитачка способност треба да почне во 3-та година, но низ секојдневна детска активност и игра. Најдобро е детето само да покаже дали е подготвено за учење на читање пред училиште или на почетокот на прво одделение. Можеме да заклучиме дека за развој на читачки способности е најважна квалитетната околина. Родителите создаваат темел на идниот развој на претчитачки способности. Значи, разговарајте со детето во сите животни ситуации, нека вашиот говор биде јасен, со едноставни реченички структури и разбирлив за детето.