Балканските земји мора да станат поправедни: Ана Марија заминала за подобар живот, сега има 3 пати поголема плата

Загрепчанката Ана Марија Хота меѓу првите заминала со семејството во Ирска и со плата која е три пати поголема не планира да се врати. Нејзината ирска приказна почнала во 2013 година, кога со сопругот и децата од Загреб се преселила во Даблин, и со тој потег била меѓу првите хрватски семејства кои во потрага по подобри животни услови дошле во овој град. 
 „Бевме заинтересирани дали животот во Даблин бил толку сјаен и како изгледа просечен ден“, вели таа. Оваа блогерка е заљубена во Даблин и неговата лежерност, а како би ги охрабрила оние кои тукушто се доселиле, почнала да пишува блог, поради кој станала светски популарна. Редовите на блогот се испишани со инспиративни, позитивни мисли туристички насоки, како и совети како да се асимилирате на нов живот, во овој случај, во Даблин. „Почнав да пишувам блог сосема случајно, на убедување на неколку непознати пријатели од Фејсбук. Со оглед на тоа дека отидов во првиот бран на нови иселеници, никој уште не знаел каква е навистина ситуацијата кога се отселите во некоја друга членка на ЕУ, тоа беа луѓе кои сакаа информации“; вели таа. Блогот станал популарен со голема брзина,  а како вели, таа почнала да прима пораки на поддршка,  па и инетересот на медиумите брзо пораснал. „Планирав да напишам само неколу постови, но секогаш повторно ме поттикнуваа луѓе кои ми пишуваа колку им помогнав, променив животот, па тоа ме одржуваше“, рекла блогерката, потврдувајќи како во последните 4 години одговорила на повеќе од 20 000 пораки. Ана Марија по професија е фризерка, а во „Ајриш Тајмс“ ја именувале за една од најдобрите стилистки во градот.  Како што потврдила, во Ирска заработува речиси три пати поголема плата во однос на просечната во Хрватска. Работното време и е од 10 до 19 часот, со пауза за ручек од еден час. Доста се работи, но после работа има време за шетање, и пијачка, што е стар обичај кај Ирците кои се многу дружељубиви. „Слободна сум за викенд, а тогаш секогаш излегувам со семејството, патуваме во природа. Животот овде е навистина хармоничен, а условите за работа се идеални“, убедлива е оваа блогерка. Како маани ги издвоила големата стапка на криминал и наркомани кои неретко циркулираат на улиците во Даблин, па советувала дека за угоден престој најдобро е да изберете мирно и безбедно село. Освен тоа, стапките на изнајмување се многу високи, па под 600 евра месечно пристоен стан не може да се изнајми. А на прашањето дали има желба да се врати во татковината , Ана Марија вели: „Искрено не планирам да се вратам во Хрватска и овде сум многу задоволна. 
Ако некогаш се  вратам, тоа ќе биде во староста, на море. Хрватска, а и сите земји од Балканот мора да станат многу поинакви земји, поправедни, успешни, мултикултурни, со помалку злоба и завист, и мешања во туѓ живот“, рекла таа.