Наскоро започнува периодот на куќни слави и имендени, па решив да ви предложам неколку интересни рецепти за овогодишната гозба.
Еден од нив се и овие грисиникоишто многу брзо се спремаат, а уште побрзо се јадат. Не дека не сакам кифлички, гурман сум и јадам сѐ, но сакам да пробувам нови работи. Овие грисини се експресна замена, затоа што одат со секое предјадење, а без сол одат и со слатки намази. Дури може да се користат и како замена за леб.
Потребни состојки:
40 гр. Семки од тиква
40 гр. Семки од сончоглед
30 гр. Ленено семе
30 гр. Сусам
30 гр. Овесни снегулки
65 гр. Ржано брашно
30 мл. Маслиново масло
70мл. Ладна вода
1 лажичка прашок за печиво (незадолжително)
1 лажичка сол
Во сад ставете ги прво сувите состојки и промешајте. Потоа додадете ги маслото и водата , па убаво промешајте да добиете леплива хомогена смеса.
На маса ставете хартија за печење,истурете ја смесата и ставете уште еден слој хартија. Со сукало убаво исукајте ја смесата (5мм. дебелина). Потоа исечете плочки и ставете ги во тавата. Печете од 12 до 17 мин. додека не се целосно суви.
Откако ќе се оладат, оставете нешто и за гостите