Тага до небото - Поранешна водителка на Телевизија Пинк пронајдена мртва во својот стан: Ова се деталите

Поранешната водителка Бојана Јанковиќ синоќа била пронајдена мртва во својот стан во Белград.

На телото на водителката, која во октомври би наполнила 47 години, немало видливи траги на насилство, а Брзата помош констатирала смрт околу 19 часот.

За нејзината смрт е известено Вишото јавно обвинителство во Белград, кое нареди обдукција

Семејството ја потврди тажната вест за смртта на познатата водителка:

„Семејството потврдува дека Бојана денеска ненадејно почина и иако разбираат дека е интересна личност за медиумите, ги повикуваат сите медиуми да се однесуваат согласно нивната етика, да ја почитуваат својата колешка и да остават семејството и Ивана (сестра близначка) да ги пребродиме овие тешки моменти во мир“.

Бојана зад себе остави две деца кои ги имаше во бракот со поранешниот сопруг Огњен Јанковиќ, член на гупата „Белградски синдикат“.

Разводот и смртта на нејзината мајка тешко ја погодија

Извор близок до покојната водителка, кој инсистираше на анонимност, за Pink.rs изјавила дека Бојана и било многу тешко откако се разведувала од Огњен Јанковиќ.
- Мајка и почина пред една година, се врати во тој стан во Нов Белград. Нејзиниот брат живее во Америка, таа во основа многу тешко го поднесе разводот... Живееше сама, претпоставувам, а не знам каде се децата - вели извор близок на покојната водителка.

Фото:  Инстаграм
Извор:н  Pink.rs