Дарко Лешоски: Дожд

Еден поинаков концепт на поетот и сестран уметник Дарко Лешоски специјално за Женски магазин. Преку медиум- видео форма ги растура своите мисли- всушност „чудни“, необични зборови од секој светски јазик кои имаат длабоко значење, а тој се надоврзува на суштината на зборот со одлична нарација, умствена „гимнастика“ и визуелен опис.

„Petrichor“– именка, потекло: Грчки јазик

Πετριχώρ (Petrichor) - првиот мирис на дожд кој паѓа на сува земја. Потекло: Грчки јазик. Именка. Доаѓа од  πέτρος (pétros) ‘камен’, and ἰχώρ (ихор), течноста која тече наместо крв во вените на боговите. 

ДОЖД

Петре М. Андреевски

Врне кај тебе, врне кај мене:

паѓа некој питом дожд,

како призивна молитва на тревите

кои постојано се наведнуваат

и така го фалат и слават.

Врне на тебе, врне на мене:

и сега само дождот ме потсетува

дека повторно сме заедно,

о, сега само дождот ми кажува

дека никогаш не сме се оддалечиле.